Уред за комуникација меѓу луѓето и животните

Ured-za-komunikacija-megju-lugjeto-i-zivotnite.jpg

Уред за комуникација меѓу луѓето и животните

Јапонски научници работат на развој на електронски уреди што ќе овозможат вид „разговор“, односно размена на мислите меѓу луѓе и животни. Тоа ќе ни овозможи нам луѓето подобро да ги разбереме, соопшти Министерството за образование, наука и технологија на Јапонија.

Станува збор за неврокомпјутерски интерфејс (NIC) кој го поврзува мозокот со машина со функционална магнетна резонанца, и содржи вештачка интелигенција која се користи, на пр., при помош на лица со оштетен слух и говор. Се работи за начин на поврзување на ентитет (човек, мачка или куче) кој не може да зборува, со техника што може.

Се очекува дека со ова, „читањето мисли“ ќе биде возможно и на поголема далечина.

Јапонската Влада неодамна објави „Бела книга“, во која се предвидува дека до 2040 година луѓето ќе можат да разговараат со своите миленици.

Слично истражување е веќе направено и во Соединетите Американски Држави, каде што е развиена технологија што може мислите на кучето да ги пренесе писмено или гласовно преку компјутер или паметен телефон.

Јапонските научници се надеваат дека уредот што сѐ уште е во развој, ќе може да се користи и во случај на несреќи, природни непогоди, трагање и помош на жртвите, откривање на експлозивни направи и слични потфати. (МИА)

 

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail