Уред за преведување на кој не му треба интернет

ured.jpg

Јапонската компанија „Логбар“ проезведе уред кој симултано преведува од еден јазик на друг.

Уредот е пренослив и може да се користи каде било и за негово употреба не е потребна интернет конекција.

Уредот наречен „иЛи” се „однесува” како да комуницирате со друго лице.

Иноваторите истакнуваат дека на туристите ќе им го олеснат нивниот престој во странство. „иЛи” може да преведе и до 50.000 зборови, а користи и цели реченици.

Уредот е едноставен за користење. Треба само да се притисне копче и да се каже реченицата, а „иЛи” потоа самиот преведува. Звучникот е дизајниран така да пушта звук четири пати посилен од тој на паметните телефони.

Во САД „иЛи” ќе биде достапен од јуни 2017 година, но прво за деловните луѓе, додека датумот на почетокот на продажбата за широка употреба се уште не е објавен.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail