Уште еден настан по повод Патрониот ден на УКЛО

promocija_na_d_r-scaled.jpg

На 11.12.2019 година на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола заокружени се чествувањата по повод Патрониот ден на УКЛО. На свечената промоција на доктори на науки ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски промовираше 17 нови доктори на науки, со што на Универзитетот до денес докторирале вкупно 341 доктори на науки.

Во присуство на студенти, академски кадри од УКЛО и гости, свеченоста продолжи со доделување награди и пофалници на најдобро дипломираните студенти. Лидија Георгина Илиева, студент од Економскиот факултет, од име на најдобрите рече дека признанието што го добиваат од УКЛО претставува уште поголема мотивација за сите нив, да продолжат да инвестирааат во себе и на тој начин да придонесат за развојот и напредокот на општеството.

На настанот, проректорот за настава, проф. д-р Љупче Кочоски им ги врачи признанијата и наградите на студентите чии истражувачки трудови беа оценети за најдобри.

Со претходните настани на 06.12.2019 се заокружи одбележувањето на Патрониот ден на УКЛО.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail