Уште многу малку до новиот албум на Arctic Monkeys !

f5994c4256adc910fc57e2e93369b6412380ce3b.jpg

После четири години Arctic Monkeys издаваат нов албум. Деталите се уште не се познати, но и било каква информација е добредојдена за нивните фанови.

Обожавателите на Arctic Monkeysa нестрпливо го очекуваат нивниот шести албум кој оваа година ќе биде објавен и достапен за јавноста. Откако ја почастија хрватската публика со премиерни музички материјали на осмото издание на INmusica со албумот AM 2013 година и со тоа ја наежија цела присутна публика отварајќи го концертот со песната Do I Wanna Know, може да се надеваме дека набрзо ќе ја заобиколат и нашата земја.

Во 2014 година Alex Turner на фестивалот во Reading & Leeds Festivalu изјави дека е совршено место да ги остави работите на страна за некое време и дека нема потреба од брзање за шестиот албум. Таа изјава и не баш многу им се допадна на неговите обожаватели.” Во секој случај како и да е на тоа чекање му дојде крајот. Откако тапанар Matt Helders ја заврши својта турнеја  со Iggyjem Popom, а Alex со The Last Shadow Puppets, целиот бенд успеа да се собере во Шефилд и да започне да работи на новиот албум.

Нивното шесто издание може да се очекува во втората половина на 2017 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail