Успешно лансиран сателит кој ќе го проучува Меркур

Dm1JhCoWsAE2dAQ-640x360.jpg

Сателитот БепиКоломбо, наменет за проучување на Меркур, успешно тргна на пат кон планетата после лансирањето од вселенската база Kourou.

Компанијата Ariane Group соопшти дека лансирањето на ракетата “Arian 5” поминало без проблеми.

Сателитите ги очекува пат од девет милијарди километри до Меркур, каде потоа ќе изведат низа испитувања.

Испитувањата на својствата на Меркур ќе им помогне на астрономите да дознаат повеќе за раното формирање на внатрешните планети, во кои спаѓаат Меркур, Венера, Земјата и Марс. Тоа пак, може да им помогне на астрономите да утврдат дали планетите како што е нашата се чести во вселената.

“Оваа мисија е прва европска мисија во соработка со Јапонската вселенска агенција, и овозможува подобро разбирање на создавањето и еволуцијата на Меркур”, вели извршниот директор на Ariane Space, Стефан Израел.

Се очекува Бепи Коломбо до Меркур да стигне до 2025 година.

Сателитот го добил името по италијанскиот математичар и инженер Џузепе Коломбо (1920-1984).

Стелитот и неговите две сонди ќе останат во орбитата на Меркур една или две години, каде ќе бидат изложени на температури од преку 350 степени Целзиусови.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail