Успешно тестиран апарат за рано откривање на болести

aparattt.jpg

Сите знаеме дека превентивната нега спасува животи и пари. Идејата е редовни посети на лекар, а не само кога сте болни, да можат да ја фатат болеста во рана фаза и да се избегнат високи трошоци за одење со итна помош. Наскоро, новата технологија ќе овозможи на пациентите да направат некои превентивни медицински мерки дома и да ги испратат резултатите на својот лекар.

Технологијата има потенцијал да направи многу повеќе од само поедноставување на животот, таа би можела и да спаси живот. Се нарекува Наноуз и ја развија експерти на Институтот Технион во Израел. Хосан Хаик вели дека тој апарат може да идентификува 17 видови на болести, вклучувајќи неколку видови на рак, пулонарна хипертензија и Паркинсонова болест, со помош на минијатурните молекули во здивот на пациентот.

„Тие молекули се многу ситни и можат лесно да испарат или да исчезнат во крвта, а исто така постојат во воздухот преку здивот или можете да ги најдете во урината или изметот, како и да се забележат во кожата”. Целта е, вели тој, да се создаде мал апарат со големина на мобилен телефон кој пациентот може да го употребува секојдневно, кој би собирал информации и би ги праќал директно на лекарот.

„Ако го употребувате секој ден, т.е. ако издишувате во тој апарат, постои можност во еден момент да се појави болеста која ќе ја забележите и тој аларм ќе биде пратен на вашиот лекар и тоа ќе биде прв аларм во рана фаза дека постои болест во телото на корисникот на апаратот”.

Технологијата неодамна ги помина клиничките тестови во кои Наноуз постави точни дијагнози во 86 отсто случаи меѓу 1404 лица. Истражувачите велат дека ја продале технологијата на голем број компании и очекуваат дека ефтините апарати Наноуз, со големина на смартфон, можат да се појават на пазарот во наредните две години.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail