Успешно завршено првото тестирање на „Hyperloop“

Америкнската стартап компанија „Hyperloop One“ која го развива футуристичкиот транспортен систем „Hyperloop“ , успешно го заврши првото тестирање на  системот за магнетна левитација.

Концептот на „Hyperloop“ се базира на технологија која  користи затворени вакуумски цевки, погон без триење и капсули кои се движат со брзина и до 1.200 километри на час.

Image result for Hyperloop

Оваа идеја, која не е нова во 2013 година повторно ја оживеа Илон Маск, извршниот директор на Тесла моторс и СпејсЕкс.

Тестирањето е извршено на 12-ти мај, на тест патеката на компанијата во пустината Невада, во близина на Лас Вегас, при што е постигната брзина од 112 километри на час и тоа за 5,3 секунди.

Со успешното тестирање на на првиот целосен „Hyperloop” систем, „Hyperloop One“ го го постигна она што никој не го направил претходно. Со постигнување на целосен вакуум, ние  во суштина измисливме сопственото небо во цевка, како да летате на  висина од 60.000 метри” – се вели во соопштението од компанијата.

Компанијата исто така објави дека изработила прототип капсула од алуминиум и јаглеродни влакна, наменета за превоз на луѓе и товар низ цевката. Должината на капсулата изнесува 8,3 метри.

Компанијата сега влегува во следната фаза на тестирање, а целта ќе биде да се достигне брзина од 400 километри на час.

извор: enauka.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail