УТМС ко-организатор на конференција за интернационална трговија „INTRADE“.

d08730e7337499c1bb8589adf93265ac_XL.jpg

Од 10-ти до 12-ти Мај 2018 година во Сакарја, Р. Турција, Универзитетот Сакарја организира Меѓународна конференција за интернационална трговија „INTRADE“.

Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, проф. д-р Аце Миленковски ќе ја отвори конференцијата во улога на клучен говорник.

На конференцијата ќе земат учество и претставници од академскиот кадар од Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје.

Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, како и други престижни и реномирани универзитети од целиот свет се коорганизатори на конференцијата.

Тродневната научна конференција ќе ја обедини научната и бизнис елита од целиот свет која ќе дискутира на релеванти теми за интернационалната трговија, бизнис и логистика.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top