Naslovna-2.jpg

На 07.02.2019 година на свеченоста организирана во хотелот „Александар Палас“ беа доделени награди за Superbrands на престижни компании и институции од Република Македонија. Да се биде меѓу наградените е вистинска чест затоа што стручиот совет на Superbrands се состои од експерти и еминентни индивидуалци од светот на брендирање, рекламирање, маркетинг, дизајн, производен менаџмент, односи со јавност и бизнис, а важно е и мислењето на потрошувачите. Повеќе од 5000 потрошувачи и внимателно одбрани експерти го прогласија УТМС за бренд универзитет како лидер во високото образование врз основа на критериумите за квалитет, сигурност, различност и емотивната привлечност.

УТМС по трет пат е добитник на оваа престижна награда во категоријата високо образование, што значи дека ова е уште една потврда дека станува збор за бренд кој е високо позициониран во деловниот свет и кој ги следи светските стандарди за квалитет во високото образование.

На свеченоста присуствуваше делегација од УТМС, а наградата Superbrands за УТМС ја прими ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, проф. д-р Аце Миленковски. Во своето обраќање тој истакна дека универзитетот има добиено повеќе меѓународни награди за квалитет, но наградите кои универзитетот ги добива во Република Македонија не прават многу горди. Ректорот додели 5 стипендии на групацијата Superbrands, од Фондот за стипендирање „Проф. д-р Љубе Миленковски“.

Наградите беа доделени во различни категории: за бренд личност беше прогласена оперската пејачка Весна Гиновска Илкова, за бренд емисија беше прогласена емисијата Еден на еден, за бренд дестинација беше избран градот Кушево, за бренд производ беше избран брендот Стоби Флипс. Меѓу наградените компаниите и институции беа и: Халк Банка, Еурофарм, Телекабел, Коузон, Телевизија 24, Радио Буба Мара.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail