УТМС СТАНА ОВЛАСТЕН ЦЕНТАР ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТ ESB СЕРТИФИКАТ ЗА ПОЗНАВАЊЕ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК

UTMS-STANA-OVLASTEN-CENTAR-ZA-STEKNUVANJE-NA-MEGJUNARODNO-PRIZNAT-ESB-SERTIFIKAT-ZA-POZNAVANJE-NA-ANGLISKI-JAZIK.png

ОБУКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА EВРОПСКИ ФОНДОВИ И ПРОГРАМИ ЗА ПОДДРШКА НА РАЗВОЈОТ НА Р. С. МАКЕДОНИЈА 2021 - 2027 ГОДИНА

Универзитетот за туризам и менаџмент нуди нова можност за обука и полагање на испити за ESB North Macedonia за деца и возрасни од А1, А2, Б1, Б2, Ц1, Ц2, според Европската референцијална јазична рамка.

ESB e доживотен, меѓународно признат сертификат и стекнувањето со него значи квалитетно вложување во себеси. Во сите земји каде што е нагласено дека е потребно одредено познавање на англиски јазик, ESB ги отвора вратите за сите кои се стекнале со овој сертификат.

ESB сертификатот ги зголемува можностите за побрзо вработување во државата и странство или унапредување на работното место. Со ESB сертификатот се подобруваат способностите за слушање, конверзација и пишување на англиски јазик и истиот е на исто ниво како и другите меѓународно признати сертификати како IELTS и TOEFL.

Доколку Ви се потребни дополнителни информации испратете мејл на: ESB@utms.edu.mk.

Извор: УТМС

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail