УТМС УЧЕСНИК НА ХАКАТОНОТ „REFRESH: AGRIBUSINESS & TOURISM”

UTMS-UCHESNIK-NA-HAKATONOT-REFRESH-AGRIBUSINESS-TOURISM.jpg

УТМС УЧЕСНИК НА ХАКАТОНОТ „REFRESH: AGRIBUSINESS & TOURISM”

Во периодот од 04 – 06 – ти декември 2020 година, студентите од Факултетот за туризам и Факултетот за информатика на Универзитетот за туризам и менаџмент, беа учесници на Хакатонот „ReFRESH: Agribusiness & Tourism”, односно, тематскиот хакатон за туризам, во организација на Студентскиот парламент на ФИНКИ. Активноста се реализира со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка, преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – Increasing Market Employability (IME).

Студентите на Хакатонот работеа под менторство на професорите од УТМС: доц. д-р Сашко Граматниковски, доц. д-р Дејан Наковски и доц. д-р Ана Секуловска Јовковска.

Хакатонот има за цел да создаде продукти и решенија кои би нашле примена во туризмот со цел стимулирање на туризмот во Македонија.

Извор: УТМС

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail