Утре почнува екстерното тестирање на 18.600 матуранти

eksterno.jpg

Од утре, 30 јануари, до 3 февруари ќе се спроведува екстерно тестирање на матурантите. Државниот испитен центар (ДИЦ) соопшти дека ќе бидат опфатени 18.600 ученици во завршни години во средното образование.

Една недела пред тестирањето учениците добија информација за деновите на тестирање, а во петокот училиштата ги објавија и распоредите со предмети по кои учениците ќе бидат проверувани.

ДИЦ информираше дека прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 7 февруари 2017.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail