Ужас – Млади лебеди живи изгореа при намерно предизвикан пожар во Струга

struga.jpg

Кај Женска плажа на Охридско езеро во Струга, во вчерашниот најверојатно намерно предизвикан пожар, покрај трската, изгореле и млади лебеди и други птици, алармираат еко-активистите од овој град.

Охрид СОС граѓанското здружение, веќе алармираше дека Државниот инспекторат за животна средина, општина Охрид, Министерство за животна средина и други надлежни институции секоја година замижуваат пред овие злосторства, пред овие уништувачки активности. Иако веројатно се познати сторителите, или можат да се пронајдат, или барем да се спроведе истрага, никој ништо не презема. Од која причина се пали трската?! Тоа е дом на многу животински врсти-велат од ова здружение. Зошто толкава себичност?-прашуваат тие.

И стружани и охриѓани знаат дека овие  недозволени активности, погубни за биодиверзитетот во езерото, со уништување на трската, се заради освојување на нови површини  за изградба на плажи.

Струшкото крајбрежје на Охридско езеро е речиси целосно освоено од угостителите, од кои голем дел немаат воопшто никаква дозвола за работа или пак концесија, но струшкиот градоначалник Зијадин Села не презема ништо за да го спречи тоа.

ИЗВОР: ako.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail