Вака Франција ќе го триплира бројот на велосипедисти

france-biking-e1537283754611.jpg

Франција сака да биде како Холандија, каде што повеќе од 30% од патувањата се прават со велосипед наместо со моторно возило. Во Франција моментално тој процент е само 3% затоа што на велосипедизмот се гледа како на спорт, а не на превозно средство.

Затоа земјата ќе потроши 350 милиони евра за правење нови велосипедски патеки и нивно поврзување со постјните, за велосипедистите во земјата да се чувствуваат безбедни во текот на целото патување до дома или до работа.

За да спречи кражби на велосипеди, земјата донесе закон со кој сите нови згради мора да имаат паринзи за велосипеди. До 2022 година секое средно  училиште во Франција ќе воведе часови по возење велосипед, а велосипедистите ќе можат да возат во двете насоки и по еднонасочни улици.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail