Вакцина за создавање имуност во мозокот кон хероин

vak.jpg

Предозирањето со дроги и лекови во САД предизвикало над 60 000 смртни случаи во 2016-та, а развивањето нови вакцини кои би го направиле мозокот имун на овие хемикалии кои ја менуваат состојбата на умот би било клуч за решавање на кризата со опиоиди.

Моментално се развива комбинирана вакцина која нуди заштита од ефектите од хероинот и синтетичкиот опиоид фентанил, која еден ден би можела да помогне при лечење на зависноста, па дури и при превенцијата на фатални предозирања.

Фентанилот е околу 100 пати помоќна супстанца од морфиумот, притоа и многу ефтина и достапна, па поради тоа често пати се меша со хероинот.

Една од тешкотиите со кои научниците се среќаваат при развивањето на вакцини за овој вид дроги е дека опиоидите се направени од малечки молекули кои имунолошкиот систем на телото не ги препознава, и не прави ништо за да се бори против нив.

За да се охрабри оваа дефанзивна реакција, тимот истражувачи од Scripps Research Institute во Калифорнија дизајнирал малечки молекулио наречени хаптени кои се слични на опиоидните молекули, но со протеини наречени епитопи прикачени на нив кои функционираат како место на кое може да се спојат антителата создадени од имунолошкиот систем.

Што имунолошкиот систем се истренира со серија вакцини, тој ќе научи да ги препознава молекуларните структури кои личат на опиоидите и ќе испрати антитела кои ќе се закачат на дрогите и ќе ги спречат да ја поминат бариерата помеѓу крвта и мозокот во период до 8 месеци.

Ова ново истражување досега било тестирано на глувци и мајмуни и сè уште не било подложно на рецензија, така што не е утврдено дали на ист начин би функционирало и кај луѓето.

Бидејќи истите рецептори во мозокот кои сигнализираат задоволство како одговор на опиоидите се оние кои го забавуваат дишењето при големите дози од дроги или лекови, возможно е оваа вакцина да ги намали смртните случаи од предозираност – што е резултат сугериран од досегашните истражувања врз животните.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail