facebook_share_image.png

Нов технички директор на Pintrest е Вања Јосифовски. Ова не е прва престижна позиција на поранешниот Корчагинец, кој може да се пофали и со својата работа во Yahoo, Google и IBM, но и на повеќе универзитети.

Нов технички директор на Pintrest е Вања Јосифовски. Ова не е прва престижна позиција на поранешниот Корчагинец, кој може да се пофали и со својата работа во Yahoo, Google и IBM, но и на повеќе универзитети.

На местото на директор на друштвената мрежа доаѓа од местото лидер на инженерски тим. Во друштвената мрежа е од 2015, а под негово раководство се изработени Lens, Search и Related Pins, јави Venturebeat. Pinterest досега ја немаше оваа позиција, па г. Јосифовски е и прв технички директор на Pinterest. Тој ќе биде задолжен за раководење со техничките иницијативи за машинско учење, пребарување и инфраструктура. Отворањето на ова директорско место ја покажува подготвеноста на компанијата за понатамошен развој. За разлика од останатите компании во Pinterest, позицијата на технички директор е под директорот на инжинерите, негов претпоставен е Ли Фан.

Г. Јосифовски за себе вели дека е еден од ретките кои уште на рана возраст знаеле што сакаат да станат кога ќе пораснат – и постанале баш тоа. Вања е роден во Скопје, средното училиште го “искомбинирал” во Скопје (Корчагин) и во Шелби, Северна Каролина, со високо образование се здобил на Институтот Јозеф Стефан во Љубљана, Словенија, магистратура на Флорида Универзитетот, а со докторат се здобил на Линкопинг универзитетот во Шведска.

Заедно со унапредувањето, Pinterest објави дека додава три нови функционалности на Lens алатката. Отсега корисниците со можат да додаваат визуелен водич, поддршка за QR и пристап со еден допир. Апликацијата ќе овозможи препознавање на фотографираните предмети, и преку водичот поефикасно пребарување.

извор: IT.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail