Васил Хаџиманов најдобар светски џез пијанист на електричен клавир

Vasil-Hadzimanov-najdobar-svetski-dzez-pijanist-na-elektrichen-klavir.jpg

Васил Хаџиманов најдобар светски џез пијанист на електричен клавир

Музичарот Васил Хаџиманов, професор на Музичката академија при УГД, е добитник на наградата за најдобар џез пијанист на електричен клавир, која му е доделена на 41. Annual Jazz Station Awards.

Покрај оваа награда, Васил Хаџиманов заедно со својот бенд се најде на второто место во категоријата „Најдобра џез група“. Хаџиманов така се најде во друштво на добитници меѓу кои се и врвни џез музичари како Рон Картер, Марк Копланд, Чик Кореа, Ренди Беркер, Дејвид Либман…

Зад оваа награда стои Арнолдо Де Сутеиро, џез новинар, историчар, предавач и продуцент на повеќе од 830 џез композиции. Де Сутеиро е член на одборот за гласање во НАРАС-Греми, како и на Здружението на новинари на џез и џез здружението на Лос Анџелес.

Во конкуренција за наградите беа само албуми издадени или снимени во 2019 година, а Васил Хаџиманов е награден за “Lines in Sand”.

Повеќе- https://jazzstation-oblogdearnaldodesouteiros.blogspot.com/2020/01/the-best-jazz-of-2019-os-melhores-do.html.

 

Извор: УГД

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail