Ватикан сака да одлучува за иднината на роботите

vatican-e1553598872895.jpg

Ватикан сигурно не е првото место кое ви паѓа на памет кога ќе помислите на роботите. Но, овој викенд токму во ренесансните палати во центарот на Рим се расправаше за иднината на роботите. Работилницата наречена „Робоетика: Луѓе, машини и здравје“ беше организирана под покровителство на папата Франциско и на папската Академија за живот.

Иако на дневен ред беа и роботите, главната тема беше што значо да се биде човек и како ќе изгледаат идните генерации луѓе. Се расправаше и за биомедицината и техниката на уредување на геномите, со помош на кои, наводно, две кинески девојчиња станаа имуни на ХИВ.

На самиот почеток папата прочита писмо до човештвото, во кое го истакна парадоскот помеѓу напредокот и внимателноста околу создавањето на технологијата без размислување за последиците. Посебно ја нагласи технологијата која би требало дополнително да проучува, какo што е комуникациската, нанотехнологијата, биотехнологијата и роботиката.

Но, додека папата повикуваше на зачувување на човештвото и на човекот во светот на технологијата, сосема поинаков став има јапонскиот професор, Хироши Ишигуро, најпознат како автор на андроид робот кој е негова идентична копија. Ишигуро е уверен дека за 10.000 години отсега човекот нема да биде од крв и месо, туку нашите тела ќе се развијат во нешто поиздржливо. „Нашата крајна цел е достигнување на бесмртност со замена на коските и месото со аноргански материјали“, истакна тој и додаде дека тоа е логичен чекор ако сакаме да живееме во вселената.

Од Католичката црква на тоа одговорија дека тој концепт не може да се прифати затоа што не може да се раздвои телото од душата видејќи така нема да можеме да сакаме, да комуницираме со другите. Меѓутоа, Ишигуро е сигурен дека мора да создаваме роботи кои можат да ги издржат истите задачи како и луѓето. „Немаме доволно млади во Јапонија, па токму затоа создаваме роботи“ појасни Ишигуро.

Европската комисија минатата година го објави својот став во врска со новите технологии и етиката во науката. Во тој документ таа нагласи дека има потреба да се создаде сет од вредности со кои може да се организира општеството и новата технологија. Исто така, наведе дека роботите и вештачката интелигенција не треба да имаат самостојни права, туку кон нив треба да се однесуваме како и кон другата технологија.

Но, професорот Ишигуро уште еднаш се спротивстави и тврди дека сосема е природно луѓето да им даваат одредени права на роботите ако тие бидат дел од нашето секојдневие. „Кога роботот ќе стане партнер или другар, ќе сакаме да го заштитиме. Како што им даваме права на животните, така ќе им даваме и на роботите“ уверен е Ишигуро.

Професорката Кристијане Вупен од Универзитетот во Келн на крајот од расправата постави многу добро прашање. „Ако еден ден роботите целосно се однесуваат како луѓето, имаат изрази на лицето како луѓето, како ќе одлучиме дали тие имаат душа или не? Ги користиме затоа што сме сушстества кои можат да постават свои цели, кои можат да изберат намена, да прават добро или лошо, но ние сме слободни човечки суштества. Мислам дека не би смееле да им дадеме на роботите иста слобода како нашата“ заклучи професорката.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail