Важна вест за сите кои работат или сакаат да одат на печалба во Германија

istock_000011759772small.jpg

Од 1 април во Германија на сила стапува нов закон за привремена работа преку агенција, таканаречен Cajtarbajtenfirmen (Zeitarbeitenfirmen).

Според тој закон, работниците веќе нема да може да работат привремено подолго од 10 месеци, а после девет месеци работа мора да заработуваат слична плата каква што имаат и работниците на фирмите, фабриките или компаниите во кои работат, кои работат на слични работи.

Новиот закон предвидува и дека привремените работници повеќе нема да се вработуваат во текот на штрајк. Токму по пат на вакви претпријатија во Германија работат многумина од регионот. Тие притоа се работници на агенција, а не на фирмата во која ги извршуваат работните задачи. Стјепан Бингула, кој веќе повеќе од триесет години живее во Минхен и добро е запознаен со пазарот на труд, верува дека донесувањето на новиот закон нема да промени многу работи.

„Едноставно агенциите човекот кој го изнајмиле после девет месеци ќе го оттргнат од тој работодавец и ќе го испратат кај некој друг и така се почнува од почеток. Истата работа е и со овие 18 месеци, го повлечат работникот и го испратат во друга фирма“, смета Бингула.

Според неофицијалните информации преку Cajtarbajtenfirme  во Германија работат околу милиони луѓе, што е отприлика три посто од сите вработени во таа земја.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail