ВАЖНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Воопшто не купувајте банани со ова етикета!

bak.jpg

Сигурно сте забележале дека овошјето кое го купувате на себе има одредени етикети, меѓутоа, дали знаете што тие значат?

На многу етикети на овошјето се наоѓаат броеви, особено ако се работи за увезени намирници. Тие прикажуваат важни податоци за овошјето, можат да дадат важна информација дали овошјето е здраво.

Што значат овие броеви?

Ако се работи за број кој почнува со 3 или 4, овошјето не е генетски модифицирано, но е одгледувано на фарма на која се користат хемикалии и пестициди.

Кога бројот почнува со 9, тоа значи дека овошјето е со органско потекло и не содржи хемикалии. На пример, на бананите бројот може да биде 94011.

Во случај првиот број на етикетата да е 8, тогаш се работи за генетски модифицирано овошје и тој број секогаш ќе биде 84011.

Добро обратете внимание кога следниот пат ќе купувате овошје со етикета.

Овие шифри се користат низ продавниците низ светот уште од 1990 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top