Ве молат: Купете евтин стан и добивате европско државјанство

grc.jpg

Цената на недвижностите во некои делови од Солун е падната за 60%, а Грција на новите купувачи им нуди големи даночни олеснувања, додека пак на странците им нуди и државјанство.

Цените на недвижностите во Грција се намалуваат од месец во месец, а во овој момент ја имаат достигнато најниската точка во последните 15-на години. Да го земеме за пример Солун каде што пред само 5 години се продавале околу 26.000 станови, а сега одвај 1.500. Кога станува збор за цената на куќите во Грција, таа е речиси преполовена во споредба со истата во предкризниот период.

Ситуацијата на пазарот најдобро ја отсликува пораката на еден сопственик на истакната зграда на која пишува: Продавам станови на рати. Сопствениците се подготвени дури и на отплата во рок од 10 години без никакви екстра камати.

Во целата оваа приказна се вмеша и Грчката влада која на купувачите им нуди големи даночни олеснувања, а на странските купувачи им обезбедува и европско државјанство.

Становите кои вределе 100.000 евра денес вредат 55.000 евра. Гарсоњерите кои се продаваа за 15.000-20.000 евра, денес можат да се купат и за цена од 6.000 до 10.000 евра.

И понатаму најмногу станови во Грција купуваат, се разбира, Грците, но меѓу останатите купувачи на недвижности се вбројуваат и Србите, Русите, Бугарите, Романците, а секако и Македонците. Македонците кои се одлучуваат на ваков чекор, купопродажбата најчесто ја прават преку бугарски агенции за недвижности.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail