Ве прислушкува ли Фејсбук? Видете го експериментов и проверете !

pri.jpg

Го обвинуваат Фејсбук дека ги прислушкува разговорите на корисниците, за да им сервира „подобри“ реклами. Го обвинуваат и дека ве прислушкува и вон разговорите, додека телефонот ви стои на маса, а во позадина си работи апликацијата (било самиот Facebook или Facebook Messenger), и чека да чуе клучни зборови. Фејсбук го негира и едното и другото. Ама следниов пример дефинитивно е добар повод за сомнеж.

Типов разговарал со девојка му и пријателите на темата, па решиле да тестираат. Се договараат еден ден цело време да зборат за храна за мачки. Претходно 20 години никој од нив немал мачка. Никогаш не пребарувале храна за мачки. Никогаш не зборувале за храна за мачки. И оп, на ничие изненадување, по некој ден на Фејсбук почнуваат да им излегуваат реклами за храна за мачки.

Е сега, многумина го обвинија креаторот на видеово дека го направил за да фати лајкови, зашто сега е актуелна темата. Ама видеово е од пред една година, а популарноста сега ја добива затоа што некој го ставил на Reddit. Со други зборови, правено е со искрена намера.

„Ова не е нешто што го објавив за да добијам внимание. Навистина не давам пет пари дали некој ќе го види. Го направив само за пријателите. Значи не снимав многу детално и не направив супернаучно видео за редит, ама е искрено, и имаше реклами за мачки неколку дена. Не беше коинциденција бидејќи го направивме истово неколку пати и со други клучни зборови за кои никогаш не зборуваме претходно. Дури е и смешно колку специфичен можеш да бидеш за да добиеш резултат.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail