kgn-img-503237.jpg

Во услови кога надлежните институции препорачуваат ограничено движење на децата, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со препорака до родителите да бидат активни, креативни и да го исполнат времето на децата со едукативни активности и едукативни содржини.

Оваа е време кога можете и треба да поработите заедно со децата и да ги научите како треба да се однесуваат со цел да бидат безбедни во сообраќајот. Во таа насока потенцираме дека сообраќајната едукација на децата никогаш не е доволна и никогаш не е досадна.

Согласно тоа РСБСП препорачува да се користи веб страната за деца semaforko.mk каде што децата на креативен и забавен начин може да научат многу нешта за патниот сообраќај.

Поточно, на веб страната ќе најдете:

• совети за децата за безбедно учество во сообраќајот

• боенки со мотиви од сообраќајот

• сообраќајно едукативна литература за деца

• едукативни видео спотови за деца

• тест за проверка на знаењето од областа на сообраќајот

• корисни совети за родителите

• други креативни содржини

Време е да се обноват знаењата во сообраќајот. Безбедни учесници во сообраќајот уште од најрана возраст.

semaforko.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail