Вебинар – Ковид, менталното здравје и “lockdown” стории: како да си помогнеме?

Vebinar-Kovid-mentalnoto-zdravje-i-lockdown-storii-kako-da-si-pomogneme.jpg

Вебинар - Ковид, менталното здравје и “lockdown” стории: како да си помогнеме?

Како резултат на КОВИД-19 целиот свет го погоди социо – економска и  психолошка криза. Иако во поголем дел од светот, социјалните активности се ограничени, скоро секаде и движењето на луѓето беше ограничено, а болниците примија одеднаш илјадници пациенти.

Поради ова се појавија многу психолошки проблеми и последици по менталното здравје, вклучувајќи стрес, анксиозност, депресија, фрустрација и неизвесност. Психолошките реакции поврзани со мерките, како полициски час или карантин, се „страв“ и „колективна вознемиреност“. Овие реакции се очекуваат во време на епидемија, а се зголемуваат со зголемување на бројот на новозаболени.

Психолошките реакции на пандемијата може да варираат од „панично однесување“ или „колективна хистерија“ до „чувство на безнадежност“ и „очај“. Исто така многу е важно што другите здравствени мерки може да бидат компромитирани од зголемената вознемиреност кај луѓето. Овие работи треба што побргу да бидат идентификувани и да се дискутира за нив.

Токму заради овие причини, Факултетот за туризам и бизнис логистика е домаќин на вебинар кој ќе се одржи на 19.03.2021 од 17:00 до 18:00 часот, каде ќе се анализира влијанието на КОВИД-19 врз менталното здравје кај општата популација со препораки и совети како да си помогнеме.

Модератор: Тони Михаилов

Отворање на настанот: Проф. д-р Мишко Џидров, проректор за настава и студенти, Универзитет “Гоце Делчев” – Штип

Учесници

Проф. д-р Александра Жежова,

  • “Влијанието на медиумите и дезинформациите во време на КОВИД 19: менталното здравје и општествените девијации”

Проф. д-р Мирослав Пендароски,

  • “Ние ли сме тоа?! – психосоцијалните феномени на долготрајното себеоттуѓување”

Проф. д-р Елеонора Серафимовска,

  • „Психолошките аспекти на пораките пренесени преку интерактивните медиуми за време на пандемијата“

Сите заинтересирани можат да го проследат на линкот во продолжение: (Линк)

Извор: УГД

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail