Вечерва по седми пат музичкиот фестивал „ГимФест“ во Прилеп

18253872_1566307453379654_1692423370_n.jpg

По седми пат прилепската гимназија „Мирче Ацев“ го организира големиот музички фестивал ГимФест 2017 кој ќе се одржи вечерва со почеток од 19 часот во ЦК „Марко Цепенков“.

Оваа година ќе настапат 18 ученици, а како специјален гостин ќе биде Влатко Стефановски.

Овој средношколски музички фестивал кој е единствен од ваков тип во Македонија, е со хуманитарен карактер, а паричните средства собрани од влезниците ќе се донираат во посебна паралелка во ОУ„Климент Охридски“ во Прилеп.
Имено фестивалот секоја година е посетен со повеќе од 800 посетители како и голем број на видни гости.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail