Вечерва започнува 32-то издание на Штипско културно лето

stip.jpg

Вечерва започнува 32-то издание на Штипско културно лето. Во следниот месец до 26 јули ќе се одржат 23 културно уметнички настани.

Четири се од областа на книжевната продукција, имаме четири изложби, од кои една е изложба на фотографија, имаме пет концерти, пет театарски претстави, од кои две се гостувања од две соседни држави, и имаме пет настани кои што можеме на некој начин да ги класифицираме во групата разно, бидејќи не можеме да ги сместиме во ниту една од овие категории – изјави Драган Ристов, советник за односи со јавност на општина Штип.

Со театарски претстави ќе гостуваат театарот „34“ од Нови Сад од Србија, како и Народниот театар од Пазарџик. Во однос на музиката, пак, Штип ќе го добие првиот фестивал во Македонија на пеачки групи.

Интересно е што оваа година во рамките на Штипско културно лето започнуваме една нова традиција, имено Штип ќе го добие првиот фестивал на пеачки групи во Република Македонија, во организација на градскиот хор Штип. На 7-ми во Дом на млади ќе биде реализиран првиот фестивал, на кој што учество ќе земат неколку групи од Бугарија, од Србија и од Република Македонија, изјави Кирил Панајотов, советник за јавни дејности на општина Штип.

Свеченото отворање на Штипското културно лето ќе се случи утре во Домот на млади со почеток од 21 часот, каде ќе настапат Гуру Харе и Сашо Гигов Гиш. На денот на отворањето на 29 јуни и на денот на затворањето на Штипско културно лето, 26 јули, угостителските објекти ќе работат со продолжено работно време од два часа.

Буџетот на овогодинешното издание на Штипското културно лето изнесува 800 илјади денари.

Извор: Нова Македонија

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail