Социјалните мрежи знаат да бидат забавни, но често пати и многу сериозни – особено кога ќе се постави прашањето за нашата приватност.
Ако веќе чувствувате недоверба кон нив, оваа новост што ја воведува Фејсбук уште толку ќе ве обесхрабри.
Всушност, Фејсбук во тајност развива нова технологија со која буквално ќе можат да ве шпионираат.
Популарната социјална мрежа патентираше технологија која овозможува преку вашиот паметен телефон да ви се снимаат изразите на лицето за да би можеле да ги следат вашите реакции на различни содржини.
Принципот е многу едноставен: ако на одредена објавена содржина реагирате позитивно, Фејбук ќе ви нуди повеќе вакви содржини. Патентот е осмислен уште во 2015-та година, а потпишан е од страна на софтверската компанија CBI Insight.