Веганската исхрана може да биде лоша за здравјето на коските

Veganskata-ishrana-moze-da-bide-losha-za-zdravjeto-na-koskite.jpg

Веганската исхрана може да биде лоша за здравјето на коските

Веганската исхрана би можела да има негативни последици за здравјето на коските, бидејќи не содржи хранливи материи од животинско потекло, покажува германско истражување објавено во научното списание Nutrients.

За да утврдат дали ваквиот начин на исхрана влијае врз здравјето на коските, германските научници со ултразвук ја прегледувале петната коска, односно во коренот на стапалото, кај 72 лица, 36 вегани и 36 лица кои јадат секаква храна.

Резултатите покажале дека веганите во просекот имале пониски параметри на квантитативниот ултразвук (QUS), метод за мерење на цврстината на коската, што може да биде индикатор за полошо здравје на коските.

Покрај тоа, научници од примероците на крвта и урината го утврдиле количеството на 12 биомаркери важни за здравјето на коските. Утврдено е дека веганите вообичаено имаат пониско ниво на ваквите маркери, како што се витамините А и Б6, лизини, леуцини, селенопротеини во однос на оние кои јадат разновидна храна.

Станува збор за група хранливи материи коишто главно се присутни во храната од животинско потекло и се важни за градбата на коските.

„Нашето истражување покажува дека веганската исхрана влијае врз здравјето на коските“, вели Андеас Хенсел, претседател на германскиот Сојузен институт за процена на ризиците (BfR), кој ја спровел студијата.

Меѓутоа, Институтот ја признава и здравствената корист од веганската иссхрана, чијашто база се исклучително производите од растително потекло, а тоа е помал ризик од кардиоваскуларните заболувања.

Нутриционистичките експерти, кои ја фалат ползата од веганската исхрана, истовремено предеупредуваат и на ризиците за одредени групи. На пример, родителите на децата кои консумираат храна од неживотинско потекло, редовно мораат да проверуваат колкаво е нивното на минералите и витамините во нивниот организам, а истото важи за доилките веганки.

Извор: vistina.com.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail