Величествена градба: “Последното големо светилиште на христијанството” наскоро ќе биде завршено

ZdU2b-1.jpeg

Катедралата “Саграда Фамилиа” или “Свето Семејство”, недовршеното ремек дело на Антони Гауди во Барселона, изгледа конечно ќе биде готово во 2016. година, точно еден век по смртта на славниот архитект.

Антони Гауди црквата почнал да ја гради во 1883. година, на 31. година. Долго бил оптимистичен во поглед на извесноста за завршување на проектот. Меѓутоа, финансиската криза и војните значително ги забавиле работите, така што до крајот на животот завршил одвај една четвртина од проектот – некои кули и источната фазада, додека ѕидовите останале во рудиментарна состојба.

 

Архитектот со време станал толку огнен католик, што во староста прекинал со секаква работа и во целост се посветил на изградба на црквата. Последните 12 години од животот дури и направил мало ателје за себе на градилиштето, каде престојувал речиси деноноќно.

Секој детаљ од Свето Семејство прикажува христијански симболизам, бидејќи намерата на Гауди била црквата да претставува “последно големо светилиште на христијанството”.

По неговата смрт на црквата работеле вкупно девет архитекти и двајца вајари. Тие користеле реконструирана верзија на оригиналните планови на Гауди од современа адаптација, бидејќи каталонските анархисти во текот на Шпанската граѓанска војна ги уништиле сите гипс макети на Гауди.

Се зборува дека пола Барселона била ожалостена на тој 12. јуни 1926. година кога починал Антони Гауди, “најгенијалниот од сите архитекти”, како што еднаш за него рекол неговиот колега Хоаким Торес Гарсија.

Владата наложила да биде погребан во црквата што ја градел, па така Гауди почива на градилиштето на кое му посветил 43 години од животот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail