Велосипед кој го чисти смогот од воздухот

pollution-bike-e1494931933137.jpg

Прочуениот иноватор Дан Розегардe има уште многу асови во својот ракав. Додека ја шета Кина и ја промовира својата кула Smog Free Tower и ги охрабрува луѓето да најдат решенија за загадувањето се вози со својот велосипед кој го чисти смогот од воздухот. Велосипедот функционира исто како кулата и го апсорбира загадениот воздух, го чисти и испушта чист воздух.

Возењето велосипед во град загаден со смог не е здраво, па луѓето не го избираат велосипедот како нивно превозно средство. „Пекинг порано беше град каде што многу се возеа велосипеди. Сакаме да ја вратиме таа култура во Кина како нареден чекор за чистење на загадувањето од градовите преполни со смог“ вели Росегарде.

Овој концепт е во согласност со програмите за споделување велосипеди во Кина како Mobike, кој само во Пекинг има повеќе од 1 милион велосипеди. Се уште има многу да се работи за да се намали загадувањето и сообраќајниот метеж во метрополите, но овој креативен велосипед е одлично решение.

Концептот Smog Free Bicycle се роди во музејот за современа уметност M Woods во Пекинг и на него се работело околу 4 години. Според Studio Roosegaarde, новиот велосипед кој го чисти смогот од воздухот моментално е во прва фаза од развојот и е наменет да генерира чист воздух со вртење на педалата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail