Велс сака да стане нација со нула отпад до 2050 година

vels.jpg

На крајот на 2017 година весникот The Guardian пишуваше дека Велс е на второ место во светот по бројот на домаќинства кои го рециклираат отпадот, иако Обединетото Кралство како целина беше лошо рангирана. Велс беше веднаш под Германија по рециклирањето општински отпад, односно пластика или друго секојдневни предмети кои ги фрламе без да размислуваме за нив, пишува Green Matters.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Нивниот успех се должи на поддршката на владата, која си зададе големи цели во поглед на отпадот и рециклирањето. Исто така, инвестираат во програми кои промовираат рециклирање и тоа на многу високо ниво – околу 8,5 милиони евра се пренасочени во програмата Collaborative Change Programme за подобрување на рециклирањето. Програмата CCP на локалните власти им дава пари да ги инвестираат во програми за рециклирање во специфични области.

Велс си зададе уште потешка цел – до 2050 година да стане нација која креира нула отпад. Оваа мерка ја поддржуваат и обичните граѓани. Всушност, Велс штотуку ја отвори првата продавница која не креира никаков отпад. Продавницата се вика Natural Weigh и продава храна во големи количини без употреба на пластичен прибор. Велс му покажува на светот што може да постигне една земја кога волјата на народот ја поддржува и владата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top