Венеција – градот на мистеријата и романтичните легенди

bv.jpg

За Венеција не треба посебно претставување, таа е позната како Серенисима (Најмирна) Венеција и има моќ да ги воодушевува сите оние кои прв пат доаѓаат и оние кои повторно се враќаат кај неа. Позната е по прекрасната сценографија, препознатливите канали, гондоли и мостови, неверојатен микс на традицијата и модерното, секоја средба со овој град носи неверојатно возбудување.

Самото името Венеција е доволно да предизвика слика на каледиоскоп, дури и за оние кои никогаш не отишле во Италија. Гондолиерите со шарени маици, мостот Риалто и мостот на Воздишките, маските за карневал, златните бродови и палатите опкружени со каналите.

Најпрепознатливите фигури на западниот свет најчесто ја посетуваат Венеција и се воодушевуваат со златните мозаици на црквата Св. Марко.

Денес Венција е со отворени врати за сите. Возењето по каналот Гранд овозможува можност да се разгледаат раскошните венецијански палати кои биле изградени од градската елита. Ќе можете да ја погледнете нивната текстура, колоритност, богатство, она што го прави овој град да биде несекојдневен. Уметничките предмети кои се чуваат во нив и уметничките слики на прославените мајстори станале дел од венецијанската колекција за време на долгиот историски период.

Венеција е боженствен, романтичен и прекрасен град кој сигурно ќе ги исполни Вашите очекувања и повеќе од тоа.

Зимата е период кога Венеција е најверојатно најтивка. Во Венеција тешко дека нема да наидете на туристи, но доцната есен и почетокот на зимата се најдобри периоди за да се запознаете со Венеција. Исто така, посебно задоволство и искуство е да ја погледнете Венеција за време на карневалот кој трае две недели и е една од најголемите атракции во Венеција. Маските и многубројните забави денес сè само сеќавање на минатото на Венеција. Како што летото ја заменува пролетта, гужвите се сè поголеми, а најмногу туристи ја посетуваат во средина на летото.

Убаво е Венеција да се посети во август, почеток на септември, кога се одржува престижниот филмски фестивал.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail