Нивото на водата во последните 1.000 години е нараснато за 30,5 сантиметри, велат научниците од италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.
Тие ги анализираа локалните каменоломи за да ги проучуваат претходните промени на нивото на морето, а тие модели се искористени за предвидување на идните промени.
Научниците тврдат дека растот на нивото на водата меѓу 92 и 122 сантиметри до 2100 година ќе значи потоп за Венеција и 33 подрачја долж брегот. Овие подрачја ги вклучуваат Фјумичино, во Лацио, Версилија, во Тоскана, и крајбрежните области во близина на Катанија, Кањари и Ориста.