Веројатно никогаш нема да слушнеме сигнал од вонземјани

signali.jpeg

Новите пресметувања со Дрејковата равенка укажуваат дека невидливи сигнали опседнуваат делови од Млечниот Пат. Aко сигналите од вонземска цивилизација некогаш допрат до Земјата, големи се шансите вонземјаните веќе да бидат мртви.

Во обид да се ажурира Дрејковата равенка од 1961-ва година со која се проценува брoјoт на детектирани интелигентни цивилизации во Млечниот Пат, физичарот Клаудио Грималди и неговите колеги ја пресметале површината на галаксијата која треба да биде полна со вонземски сигнали во дадено време. (SN Online: 11/1/09).Тимот во кој се вклучени Френк Дрејк претпоставува дека технолошки интелигентни цивилизации се раѓаат и умираат со константна стапка. Кога цивилизацијата ќе изумре и ќе престане да емитува, сигналите што ги испраќала ќе продолжат да патуваат како концентрични кругови на езерце. Дел од Млечниот Пат треба да биде исполнет со овие невидливи сигнали.

Ако цивилизацијата траела помалку од 100.000 години – време кое е потребно светлината да ја премине галаксијата – тогаш шансите на сигналите кои стигнуваат до Земјата додека цивилизацијата сè уште емитува, се речиси непостоечки, се вели во соопштението кои го доставиле истражувачите на 27-ми февруари на arXiv.org. Луѓето, на пример, пренесуваат радио бранови околу 80 години, така што нашите радио бранови покриваат помалку од 0,001 проценти од Млечниот Пат.

„Ако цивилизацијата емитувала сигнали од другата страна на галаксијата, кога сигналот ќе пристигне тука, таа веќе нема да постои ,“ вели Грималди, од Сојузната Политехничка школа во Лозана во Швајцарија.

Изненадувачки, тимот исто така пресметал дека просечниот број на E.T. сигналите кои ја преминуваат Земјата во дадено време треба да се изедначи со бројот на цивилизации кои моментално пренесуваат – дури иако цивилизациите што ги слушаме не се истите оние што моментално емитуваат. Грималди сега работи на труд за тоа зошто не сме пронашле ниту еден сигнал до сега.

Можеби според научнициве никогаш нема да слушнеме сигнал од вонземјани, но тоа не значи дека не треба да се надеваме и да сонуваме дека еден ден ќе нè поздрави некој.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top