Вештачка банка ќе открива знаци на рак

zirih.jpg

На луѓето за кои лекарите проценуваат дека се во поголем ризик од развој на рак на дојка или рак на простата, швајцарските научници создале вештачка бенка.

Имплантот, бидејќи има висока вредност на калциум во крвта на пациентот, почнува да произведува меланин, пигмент кој на кожата ѝ ги дава бојата и бенките. Научниците велат дека вештачката бенка исто така може да детектира рани знаци на болеста и да спаси илјадници животи.

Вишокот ниво на калциум во крвта се јавува во многу рани фази на одредени видови рак. Калциумот од коските влегува во крвотокот, што често се случува пред личноста да го допре израстокот или докторот да го открие туморот. Научниците преку генетички инженеринг ги модифицирале клетките и ги вградиле под кожата за да откријат високо ниво на калциум во крвта преку кое на докторите им се дава можност за брз третман.

Вештачката бенка била создадена од страна на швајцарските научници од Одделот за животни науки и компјутерско инженерство во Базел, за во рана фаза да можат да ги откријат четирите најчести видови рак: рак на простатата, рак на дојката, рак на белите дробови и на цревата. По успешното тестирање на свињите и глувците, се верува дека тестирањето на луѓето ќе заврши за пет години, а за 10 години ќе биде во широка употреба. Ова е исклучително важно со оглед на тоа што доколку ракот се открие порано, постојат поголеми шанси за подолг животен век на пациентот. Луѓето обично одат на доктор откако туморот ќе почне да прави проблеми, а во тој момент веќе е предоцна.

Личноста што ќе го носи овој имплант мора да посети доктор веднаш по појавата на бенката. Луѓето сами ќе можат да ја набљудуваат промената, а научниците мислат дека ќе направат и бенка што ќе биде видлива само под црвено светло.

„Раното откривање на ракот е најмоќниот начин за да се зголемат стапките на преживување, па затоа ова откритие е најдобар начин за набљудување на луѓето што имаат поголем ризик или оние во ремисија“, велат научниците.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail