Вештачка интелигенција која може да предвиди смрт

vestacka-intelegencija.jpg

Користејќи ја моќта на вештачката интелигенција (AI), докторите би можеле да предвидат кога нивните пациенти се ближат кон смртта, а истражувачите се надеваат дека со една ваква алатка би можел да се предвиди изненадувачки големиот број на неочекувани смртни случаи во САД.

Excel Medical, компанија за медицинска технологија од Флорида, има произведено нова WAVE клиничка платформа – алгоритам кој прецизно може да предвиди дали некој пациент е подложен на ризик од ненадејна и неочекувана смрт.

Платформата се состои од интегриран систем од болнички станици и дигитални медицински досиеја кои вклучуваат податоци во реално време за физиологијата, минатата медицинска историја, фамилијарната историја на болести, годините, лековите кои ги прима, и останати информации за секој пациент. Со сето ова, AI-то може автоматски да го пресмета ризикот од влошување на состојбата на пациентот до 6 часа пред докторите тоа да го забележат. Доколку детектира нешто сомнително, системот може да ги информира дежурните доктори преку апликација за смартфон.

WAVE е првата AI платформа од овој вид која е одобрена од FDA (американската администрација за храна и лекови), одлука базирана на серија студии од медицинскиот центар при универзитетот во Питсбург.

Уште една скорешна студија користејќи слична технологија од универзитетот Стенфорд докажала дека ваков алгоритам за длабинско учење може правилно да предвиди неочекувана смрт во 90% од случаите.

Моментално, планот е оваа технологија да се имплементира во болниците, а потоа и да се направат AI уреди за носење кои би можеле да ги користат луѓето по дома.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top