Вештачка интелигенција управува со возило во видео игра

133710192.jpg

На забавата и нема крај во видео игрите, но кога се тука Grand Theft Auto 5 и вештачката интелигенција, забавата добива сосема ново значење. Запознајте го Чарлс, возило со кое управуваат бесконечни линии на кодот Python програмски јазик.

Харисон Кинсли, програмер кој стои зад овој потфат, едноставно сакал да види што може да постигне возило водено од вештачка интелигенција во видео игра како што е GTA 6. Не се разочарал.

Чарлс е сила со која не може да се расправа, тој не чувствува болка ниту жалење и апсолутно е незапирлив, освен секако ако не удри во дрво или карпа, или да слета во океан. Што се случува на секои пет минути, но само за кратко, кога вештачката интелигенција ќе ја ресетира локацијата и ќе го врати назад на улиците.

Моментално се што прави и се што гази Чарлс се темели на фрејмот во даден момент, поточно гледа исто што гледаме и ние, но Харисон планира тоа да го промени така што ќе му подари краткотрајна меморија и способност за учење во наредниот период. За сега состојбата не е толку лоша затоа што тој со леснотија претекнува други возила и останува во десната лента. Проблем претставуваат крстосниците и острите кривини, каде единствени жртви се пешаците и по некое животно. Изгледа дека Чарлс повеќе се грижи за добро возење отколку за животот на своите сограѓани.

Со ентузијазам секој ден се враќаме на стримот, кој моментално брои над милион прегледи и внимателно го следиме Чарлс додека брза по патиштата во Лос Сантос.

извор: МИА

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail