Вештачка интелигигенција дијагностицира рак на кожата како и дерматолозите

dermatology_sub-334jn56c22c1plqcl3j0g0.jpg

Група научници од Универзитетот Станфорд креираа вештачка интелигенција која го детектира ракот на кожа прецизно колку и дерматолозите.

Алгоритмот е базиран на 130.000 слики од кожни болести. По внесување на сликите во базата научниците го тренираа алгоритмот да ги дијагностицира пациентите. Резултатите по првите тестови беа ветувачки, објави Stanford.

„Сфативме дека е возможно, не само за да направи нешто добро, туку добро колку и дерматолозите. Потоа си рековме, ова не е само проект за студентите ова е можност да  направиме нешто одлично за човештвото.“, вели Себастијан Трун.

Тестовите на кои резултатите од вештачката интелигенција се поредуваа со дијагнозите на 21 дерматолог покажаа дека алгоритмот е подеднакво точен.

Ракот на кожа е најчест рак и најчесто се дијагностицира визуелно. За оваа цел дури се креирани и апликации; апликациите на корисникот му овозможуваат да фотографира некоја бемка и потоа да ја испрати на лекар специјалист. Лекарот потоа ја разгледува и ја дава својата дијагноза.

Веќе неколку години камерите на телефоните се доволно квалитетни за да можат да испратат слики со висока резолуција, затоа лесно е да се замисли автоматизација на целиот овој процес. Пациентите ќе фотографираат бемка, а потоа вештачката интелигенција ќе прикаже резултат дали е безопасна бемка или потенцијална опасност.

„Се надеваме дека ова ќе биде појдовна точка во внесување на вештачката интелигенција и комјутерската визија во здравството. Со тоа да го зголемиме опсегот надвор од клиниките.“, вели Андре Естева.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail