Вештачката интелигенција „DeepMind“ знае да покаже агресивност

Deepmind-logo.jpg

Чести се предупредувањата дека развојот на вештачката интелигенција може да го означи почетокот на крајот на човековиот вид. Сепак, поголемиот дел од светот ја одобрува намерата на големите компании да вложуваат во ова поле на технологијата.

Се чини дека Google наиде на првите знаци на отпор кај својот нов програм.
Се работи за програм, познат под името DeepMind, кој во 2016 година покажа голем потенцијал. Имено, DeepMind е способен самостојно да учи, а тоа го искористи за време на тренирањето за настап на првенството во играта “Go!”.

Денес, пренесуваат светските медиуми, DeepMind често ја употребува своевидната агресивност за да победи во разни игри.

На последните тестови, два DeepMind агенти се натпреварувале во играта “Gathering” во која победува играч со најмногу собрани јаболка. Програмите се однесувале нормално, сè додека останало мал број на овошја на подот. Во тој момент, за да избегнат пораз, агентите одлучиле да користат оружје во играта.

“На агентите им допуштаме да ја одиграат играта неколку илјади пати, а притоа да учат како да се однесуваат рационално. Природно, кога на тлото има доволен број на јаболка, агентите се однесуваат мирно. Но, кога бројот на јаболката е минимален, овие програми се научени дека е најисплатливо да се нападне, односно “замрзне” противникот за да се дојде до поголем број на поени” – се вели во блогот на тимот кој го проучува DeepMind.

Joel Z Leibo, еден од членовите на тимот, тврди дека агресивното однесување на вештачката интелигенција покажува некои аспекти на човековото однесување кои настануваат како производ на околината и учењето.

“Агресивното однесување се јавува кога ресурсите се доволно пристапни. Мотивацијата за повеќе се јавува како рефлексија на искушението да се онеспособи ривалот и да се зачува јаболката за себе.” – вели Leibo

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail