kriminalci.jpg

За да може правично да се носат одлуки за притворање или пуштање на слобода на осомничени за казнени дела полицијата од англискиот град Дурам наскоро ќе добие интересна помош – вештачка интелигенција.

Тестирањето на системот наречен Hart (Harm Assessment Risk Tool) почна во 2013 година, а системот користеше податоци од полициската база од 2008 до 2012 година врз основа на кои го проценуваше ризикот од пуштање на слобода на затворениците.

Врз база на досеијата на криминалци и некои други податоци како полот и местото на живеење Hart проценуваше колкава е веројатноста осомничените да извршат кривично дело, а во текот на тест периодот алгоритамот не влијаеше на носењето на одлуките од страна на полицијата.

Проценките кои ги направи Hart беа анализирани и се покажа дека системот бил во право во 98% од случаите кога проценил дека постои мал ризик некој да изврши кривично дело, додека кај тие со голем ризик бил во право во 88% од случаите.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail