Вештачки мозок кој не се разликува од човечкиот

terminator.jpg

Самата помисла на робот кој може да учи и сам да функционира без потреба од никаква човечка помош, звучи како сценарио од некој научно фантастичен филм, но научниците дошле до чекор поблиску со претворање на вакво нешто во реалност со тоа што ја создале првата вештачка врска која автономно може да учи.

Оваа револуционерна студија претставува голем чекор кон интелигентните роботи кои учат без потреба од било каква човечка помош, пишува Daily Mail.

Тимот од меѓународни научници под водство на Францускиот Национален центар за научни истражувања во Париз, создал вештачка врска – синапса.

Синапсата ја менува својата композиција секој пат кога низ неа ќе поминат мозочни сигнали. Кога се користи во голема мера се прилагодува така што го намалува електричниот отпор и му овозможува на патот да биде побрз и поефективен. Еден ден ова може да се искористи за изградба на вештачка интелигенција која учи како човечки мозок.

Важно е дека научниците успеале да направат модел на начинот на учење, така што сега можат да предвидат како ќе реагираат на одредени сигнали. Ова досега никогаш не се случило во ниту една студија за вештачко учење.

Процесот на учење во мозокот е поврзан со синапсите кои служат како врска помеѓу невроните. “Во мозокот, учењето се постигнува преку способноста на синапсите за реструктуирање на моќта со која се поврзуваат невроните. Проток на информации тече од неврон до неврон преку синапсите со променлива врски на моќ. Вкупната дистрибуција на синаптичката сила обезбедува способност за помнење на нервните мрежа”, велат научниците.

Овој факт ги инспирирал научниците да проектираат сопствена вештачка синапса која ја нарекле Memristor. Оваа ситна електрична компонента се состои од тенок слој на материјал сместен помеѓу две електроди. Отпорот кој на тенкиот слој му пружа електрични сигнали е наместен со електро пулсови со напон сличен на оној кај невроните.

Доколку отпорот е наместен да биде низок, синаптичката врска е силна додека кај високиот отпор е слаба. Способноста од прилагодување на својот електричен отпор им овозможува на синапсите да учат.

Иако истражувањето се базира на вештачките синапси е проблем во бројните роботски лаборатории, функцијата на овие роботски соединенија и натаму за многу е непозната. Научниците веќе подолго време го истражуваат човечкиот мозок со цел да пронајдат инспирација во создавање на интелигентен робот кој може да учи.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail