Веспа произведе робот кој е дизајниран за носење на намирници

vespaaa.jpg

Веспа е најпозната по своите скутери, но сега одлучи да проба нешто ново. Оваа италијанска компанија во Бостон отвора сервис под името „Piaggo Fast Forward“, а фокусот ќе биде на иднината на мобилноста. Првиот производ на компанијата е Џита, робот дизајниран за носење на товар како што се намирници.

Идејата е Џита да врши секојдневни работи за сопствениците. Таа е всушност како домашно милениче кое го следи сопственикот додека оди или вози велосипед, а може да се движи и сама. Има капак под кој се наоѓа простор за ставање на артикли кои Џита треба да ги носи. Може да носи околу 18 килограми, а максималната брзина на движење која може да ја достигне е 35 километри.

Цената и датумот на продажбата засега не се објавени, но од Piaggio Fast Forward рекоа дека пилотот испитувања ќе го направат оваа година.

Веспа популарноста ја стекна по Втората светска војна, но компанијата сфаќа дека не може да се живее од стара слава кога многу слични компании инвестираат милијарди во роботи, беспилотни летала и автономни возила. Веспа мора да се приклучи или да остане по страна. Џита е слична на другите роботи кои се појавуваат на пазарот. На пример, Starship Technologies тестира робот за доставување на храна во два американски градови, а Savioke има робот кој врши достава во некои хотели.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail