ВИДЕО: Астрономи открија галактика без темна материја

galaksija.jpg

Астрономите, на нивно големо изненадување, откриле којашто речиси нема темна материја, со невидлив и мистериозен почеток за кој се смета дека делува како некој вид „лепило“ кое помага во формирањето на галактиката, се наведува во студијата објавен во средата во научното списание „Nature“.

Ова откритие претставува „предизвик за постојните теории за настанување на галактиките“, истакнува Питер ван Докум од американскиот универзитет Јејл, главен автор на истражувањето.

Споменатата галактика е наречена NGC 1052-DF2, или скратено DF2, оддалечена е од Земјата 65 милиони светлосни години и припаѓа на групата ултрадифузни галактики со извонредно мала густина. Поголема е од нашата галактика Млечниот пат, а има 250 пати помалку ѕвезди.

„Станува збор за извонредно откритие, бидејќи се смета дека галактиките би требало да содржат повеќе темна отколу обична материја“, истакнува институтот за астрономија и астрофизика Данлоп при универзитетот во Торонто чиј истражувачи учествувале во изработката на студијата.

Обичната материја, односно атомите, која ја сочинуваат ѕвездите, планетите, гасот и прачината во галактиката сочинуваат само 5 отсто од Вселенета. Темната материја која и денес е една од најголемите непознато во современата астрофизиката, сочинува повеќе од 25 отсто од вселенското пространство.

Темната материја и може да се открие само на основа на нејзиното гравитациско дејствување врз другите тела во космосот. Научниците мислат дека таа на галактиките им дава дополнителна маса, што создава „вишок“ гравитација која им овозможува на галактиките да не се распаднат.

„Научниците досега сметаат дека сите галактики имаат темна материја. Вака голема галактика би морала да има триесет пати повеќе темна отколку обична материја. Наместо тоа, откривме дека воопшто нема темна материја. Тоа не би смеело да биде можно“, вели за AFP, Роберто Абрахам од универзитетот Торонто.

Галактиката DF2 е откриена со помош на оригиналниот оптички телескоп наречен Драгонфлај (Вилини конче). Го конструирале Питер ван Докум и Роберто Абрахам. Поставен е во Аризона и има 48 леќи. Со него може да се набљудуваат вселенски тела со многу слабо сјаење. Благодарејќи на тоа може и да ја открие ултрадифузни галактики.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail