ВИДЕО: Aвтобуси без возачи возат низ град

Во Стокхолм се појави автобуси без возачи-се работи за две возила кои превезуваат патници на делницата долга 1,5 километар со брзина 20 км/ч.

Автобусите возат од шопинг центарот „Кист“ до „Викторија тауер“, северно од Стокхолм.

Автобусите немаат волан, но во случај на потреба, со нив може да се управува рачно.

Поради шведските закони, во возилата и понатаму се наоѓа возач, но тој се вклучува во управуавњето само во случај на опасност.

Во самовозачките автобуси има место за 12 лица, а нивното користење е бесплатно, наведуваат шведските медиуми.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top