ВИДЕО:Баба го турка своето хендикепирано внуче секој ден 24 километри до училиште

Нејзината железна волја по секоја цена да му обезбеди квалитетен живот на внукот е неверојатно инспиративна.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Повеќе нема да се жалите кога ќе одите до маркетот, кога ќе ја чуете приказната за 76-годишната Shi Yuying. Таа е бабичка од Кина со железна волја и златно срце, која секој ден го турка својот внук со посебни потреби 24 километри до училиште.

Таа ги минува 24-те километри без да се пожали на болка и мака од туркањето на количката на толку долг пат.

Со нејзиниот 9-годишен внук Jiang Haowen живеат во селото Daizhuyuan во јужниот дел на Кина. За својата ситуација Shi за кинеските медиуми изјави:

„Сè додека имам сила, ќе продолжам.“

Нејзиното внуче страда од церебрална парализа, а во руралното место каде што живеат нема автобуски превоз, па нејзина задача е да продолжи образованието на малиот Jiang, кој не може да ги координира своите движења, а со тоа и не може да оди.

Оваа состојба му била дијагностицирана на 2-годишна возраст. Третманите се покажале како неефикасни, а семејството завршило во долгови.

Неговите родители се развеле кога тој имал 4 години, а бидејќи татко му работи во друг град за да го издржува семејството, а мајка му се премажила, тој е препуштен на грижата на неговата баба.

Но, нејзината силна волја не попушта, а таа без разлика на временските услови, секој ден го турка 24 километри до училиште. Носењето враќањето по неколку пати на ден ја уморува оваа старица, но таа не попушта.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top