(Видео) Бран од 30 тони пластика

plastika.jpg

Видео на кое се гледаат тони ѓубре на брегот на Доминиканската Република, предизвика голема работна акција и бројни реакции на социјалните мрежи.

Невладината организација “Parley fot the Ocenas” го објави видеото, наведувајќи дека се работи за 30 тони пластика што се наоѓа на плажата Монтесинос, во главниот град Санто Доминго.

Големата акција за чистење започна во средата, а повеќе од 500 лица зедоа учество во акцијата.

„Ова е шокантно, но она што е уште пострашно е дека ова не е новост во Санто Доминго“, рече активистката Кармен Данае Чаморо.

Како што наведе, до ова доаѓа секој пат кога ќе падне силен дожд.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail