ВИДЕО: Бразилска компанија ги претвора отпушоците од цигари во хартија

Отпушоците од цигари можеме да ги видиме насекаде: на тротоарите, улиците, одводите, океаните. Според официјалните податоци, годишно во светот се фрлаат околу 4,5 трилиони отпушоци од вкупно испушени 6 трилиони цигари. Цигарите се навистина штетни затоа што содржат многу токсини – доволен е само еден отпушок за да се загади литар вода. Еден човек од Бразил пронајде начин овој голем загадувач на животната средина да го претвори во нешто што повторно ќе може да се употреби.

Неговата компанија Poiato Recicla е првата во светот која врши рециклирање на отпушоците од цигари. Тие ги собираат отпушоците од цигари од посебни корпи за отпушоци. Потоа со филтрирање ги отстрануваат токсините и ги пресуваат во кругови хартија. Таквата хартија ја испраќаат до училиштата или до работилници каде што се користи за децата да се образуваат за опасностите од пушењето и отпадоците од цигарите.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail