ВИДЕО: Чернобил кој плови

cernobil.jpeg

Првото патување на електраната која плови предизвикало паника во западните медиуми, кои бродот веднаш го нарекле “нуклеарен Титаник” и “Чернобил кој плови”.

Бродот “Академик Ломоносов”, првата руска нуклеарна електрана која плови – FNPP, во саботата го започнал своето прво патување од Санкт Петербург во Мурманск.

Електраната ќе набави нуклеарно гориво и ќе отплови на далечниот исток на Русија. Се очекува бродот да биде пуштен во работа во 2019. година на Арктикот, на брегот Чукотка, кај пристаништето Певек.

Првото патување на масивната инсталација привлекло големо внимание кај западните медиуми, кои се фокусирале на потенцијалната опасност. Медиумите цитирале разни еколошки организации, првенствено “Greenpeace”, кои веднаш го нарекле “FNPP” нуклеарен Титаник и “Чернобил кој плови”.

“Нуклеарните реактори околу Арктичкиот океан претставуваат шокантно очигледна закана за кревкото окружување, кое веќе е под притисок од климатските промени”, рекол експертот на “Greenpeace”, Јан Хаверкамп, во изјавата која ја објавиле бројни медиуми.

Меѓутоа, произведувачите велат нема простор за паника.

“FNPP е дизајниран со голем степен на безбедност кој ги надминува сите можни закани и ги прави нуклеарните реактори непобедливи за цунамија и други природни катастрофи. Покрај тоа, нуклеарните процеси на пловниот агрегат ги исполнуваат сите барања на Меѓународните агенции за атомска енергија “IAEA” и не претставуваат закана за околината”, се наведува во соопштението на произведувачот на бродот.

FNPP Има два реактори “KLT-40S”, способни за производство до 70 мегавати струја и 50 гигакалории на час топлинска енергија. Една единица може да произведе доволно енергија и топлина за да задоволи потреби на град со 100.000 жители. Работниот век на “FNPP” е 40 години, а може да се продолжи до 50 години.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail