ВИДЕО: Деби за „ѕверот“ од Хрватска – „Rimac C_Two“!

Хрватскиот Rimac на тековниот автосалон во Женева го претстави својот нов електричен хиперавтомобил со име C_Two

Новиот модел на оваа компанија од соседството е подобар од својот претходник во секој поглед. Развива неверојатни 1.914 КС и 2.300 Nm вртежен момент.

Ваквиот погон и излезна моќност дозволуваат моделот од 0 до 100 km/h да забрзува за помалку од две секунди, како што и се претпоставуваше претходно. Максималната брзина сеуште не е позната, но се вели дека овој модел до 300 km/h забрзува за помалку од 12 секунди!

Сега е познато дека овој модел, има батерија со капацитет од 180 kWh, а со едно полнење автомобилот ќе може да помине до 650 километри, што е секако повеќе од импресивно.

Што се однесува до дизајнот, што да се каже освен дека е одличен, а за овој впечаток дополнително придонесуваат и „пеперутка“ вратите. Квалитетот на внатрешноста дефинитивно е со многу подобар квалитет во однос на претходниот модел.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail