Видео: Денови на турската култура на УГД

Филолошкиот факултет при УГД, денес, преку низа настани организираше Денови на турската култура на УГД. Со оглед на тоа дека Филолошкиот факултет има Катедра за турски јазик и литература, тие денес го промовираа поетот Ахмед Јесеви.

– Во рамките на денешниот ден ние правиме програма посветена на Ахмед Јесеви. 2016/2017 год. од страна на УНЕСКО е прогласена за година на мистичниот поет Јесеви. Низ целиот свет се направени преку 300 настани и ние ќе го одбележиме преку овој настан. Ќе има поетско читање на стихови од Ахмед Јесеви, а ќе има и панел-дискусија за него. Исто така, ќе има и натпревар за превод на стихови од Ахмед Јесеви – изјави проф. д-р Марија Леонтиќ од Филолошкиот факултет при УГД.

Деканката на Филолошкиот факултет, доц. д-р Драгана Кузмановска, го истакна значењето на денешниот ден.

– Битно ни е да го истакнеме овој ден, затоа што турската култура претставува збир на култури дури од Византија, Европа и од Азија. Во минатиот век токму оваа култура претрпе многу позитивни промени. Токму оваа култура претставува еден збир на екстремностите од западната и од источната традиција и култура. Ние како Филолошки факултет имаме чест да бидеме вклучени во Програмата на УНЕСКО по повод одбележувањето на годината на Ахмед Јесеви – истакна проф. д-р Кузмановска.

Настанот се одржа денес на Филолошкиот факултет во Кампус 4, а на него присуствуваа и голем број студенти од Турција кои студираат на УГД.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail